Во Македонија се одбележува Денот на народното востание

илустрација

Денот на народното востание во Македонија 11 Октомври ќе биде одблежан со низа активности. Во Собранието ќе биде доделена државната награда „11 Октомври“, а делегации на Владата, предводена од премиерот Зоран Заев, на Собранието и други делегации на државните институции и дипломатскиот кор ќе положат цвеќе пред споменикот на ослободителите на град Скопје. Цвеќиња ќе бидат положени и во Спомен костурницата во Куманово, како и на спомен обележјето Могила на непобедените кај Прилеп.