Времето денеска: сончево со мала облачност

Во Македонија ќе биде сончево со мала, а попладне на места и зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од 17 до 24 степени. Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе достигне до три, а дневната до 22 степена.