Заложничка криза во хрватскиот град Пожега

Илустрација: Рачна бомба

Заложничка криза е во тек во хрватскиот град Пожега, каде напаѓач ги држи своите соседи како заложници, заканувајќи се дека ќе ги разнесе со бомба, јавија хрватските медиуми.

На местото на настанот се пристигнати полициски и болнички екипи.

Локалните медиуми јавуваат дека напаѓачот има психолошки проблеми и дека од порано и бил познат на полицијата со своето однесување.