Петмина убиени во напад врз шиити во Пакистан

Архивска фотографија: Тела на убиени во болница во Куета

Петмина луѓе се убиени кога вооружени напаѓачи денеска почнале да пукаат кон возило во кое се превезувале шиити во градот Куета во југозападен Пакистан. Убиени се четворица патници во возилото и еден случаен минувач, додека двајца минувачи се ранети, информира полицијата.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но сунитските екстремисти често го напаѓаат шиитското малцинство во провинцијата Балучистан, но и ширум Пакистан. Куета е главен град на Балучистан.