Меркел е подготвена да ја заостри политиката спрема мигрантите

германската канцеларка Ангела Меркел

Ангела Меркел и нејзината конзервативна Демохристијанска унија прифатија компромис со своите баварски сојузници според кој би се ограничил бројот на мигранти во Германија, јавуваат германските медиуми по вчерашните целодневни преговори во Берлин за состав на новата влада. Централна точка на компромисот е дека германската канцелрка за прв пат прифаќа некаков вид на горна граница за бројот на баратели на азил што ќе ги прифаќа Германија. Таа граница би била 200 илјади баратели на азил годишно.