Временска прогноза - променливо облачно со сончеви периоди

Архива.

Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно, во источните делови со слаб локален дожд. Попладне постепено облачноста ќе се намалува и ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието и на исток. Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од 10 до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно, попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 15 степени.