Препукувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за изборниот процес

Илустративна фотографија.

ВМРО-ДПМНЕ во партиско соопштение го овинува СДСМ за злоупотреба на државните ресурси за претсојните локални избори, наведувајќи дека спротивно на законот министрите на владејачката партија наместо на работа тие се во партиските штабови.

„Наместо со сопствени возила тие користат државни ресурси, дополнително продолжуваат со политичката хајка, паниката и стравот од пораз која се затскрива со измислени кривични пријави против градоначалници.“

Власта покажува неспособност да менаџира со процесот на избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ во реакција наведува дека ВМРО-ДПМНЕ не може да функционира во фер и регуларни услови, дека институциите се посветени во спроведување на фер и слободни избори, а оти опозициската партија шири лажни вести.

„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не знае и не може да функционира во фер и регуларен изборен процес, па затоа не може да престане со ширење лажни вести“, велат од СДСМ.

Оттаму велат дека владата предводена од СДСМ, премиерот, министрите во владата и сите останати државни функционери не користат државни ресурси за изборната кампања.