Ирак бара Турција и Иран да ги затворат границите кон Ирачки Курдистан

Архива - Курдите слават по референдумот за независност.

Ирачкото Министерство за надворешни работи упати писмо до Владите на Турција и на Иран со кое „ги замолува“ да ги затворат сите премини на нивните граници кон автономниот регион Ирачки Курдистан, јави турската агенција Анадолија.

Во писмото Багдад, исто така, бара од Анкара и Техеран да ги ограничат испораките на нафта и други енергенси од Ирачки Курдистан.

Односите меѓу регионалните властите на Ирачки Курдистан и централната влада во Багдад се влошија поради одржувањето на референдумот за независност на регион на 25 септември, кој властите во Багдад не го празнаваат референдум и го прогласија за противзаконски, а беше осуден и од Турција, Иран и најголемиот дел од меѓународната заедница.