Скопјани од утре со парно греење

На граѓаните на Скопје кои се приклучени на системот за централно греење од утре ќе им се испорачува топлинска енергија во нивните домови, потврдуваат од БЕГ и ЕЛЕМ Енергетика.

Прецизираат дека Регулаторна комисија за енергетика даде одобрение за старт на грејната сезона пред вообичаениот почеток на 15 октомври поради најавениот пад на температурите за утре.