Со солзавец испрскани учесници на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Центар

Архивска фотографија - Митинг на ВМРО-ДПМНЕ за локални избори 2017.

Полицијата вечерва привела човек кој испрскал гасен спеј за заштита во правец на бината на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје, потврдуваат од МВР за МИА. Полицијата соопштува дека е приведен човек со иницијали Р.Р. кој има 36 години.

Потоа во полициска станица Центар дошол друг човек, кој пријавил дека додека присуствувал на митингот бил испрскан со спреј од страна на лицето Р.Р.