Агенцијата за медиуми со прекршочни постапки против ТВ Нова, Алсат-М и 24 Вести

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) врз основа на извештаите од извршениот мониторинг над изборното медиумско известување поведе прекршочни постапки против ТВ Нова, ТВ Алсат-М и ТВ 24 Вести.

Како што информираат од АВМУ, прекршочните постапки се поведуваат поради надминување на лимитот за платено политичко рекламирање.

Алсат објавувале повеќе реклами за политички партии без пратеничка група, Нова за опозицијата, а 24 Вести не ги почитувале правилата за објавување резултати од испитување на јавно мислење во прилогот насловен „Седми ден кампања за Локалните избори“, емитуван на 1 октомври, соопшти АВМУ.