САД протераа 15 кубански дипломати

Американската администрација нареди протерување на 15 дипломати од кубанската амбасада во Вашингтон. Овој потег следи откако САД минатата недела одлучија да повлечат половина од своите дипломати од Хаван, соопшти официјално лице на Стејт Департментот. Одлуката на американската влада следи по неуспехот на кубанската влада да го заштити американскиот персонал на Куба кој, како што пренесува официјалниот претставник, бил изложен на мистериозни напади што го нарушиле нивното здравје. Кубанските дипломати имаат рок од седум дена да си одат од САД.