Командант на ИД убиен во руските воздушни напади на Сирија

Русија соопшти дека убила казахстански милитант за кој тврди дека е важен командант во силите на екстремистичката група Исламска држава во Сирија. Портпаролот на руското министерство за одбрана Игор Консахенков изјави дека човекот што го идентификувале како новиот де Геер Абу Ислам ал-Казаки бил меѓу седумте команданти на ИД убиени во руските воздушни напади во Сирија во претходните 48 часа.

Консахенков изјави дека во воздушните напади, на источниот брег на реката Еуфрат, убиле 304 милитанти и повредиле повеќе од 170. Според него помеѓу мртвите имало 40 милитанти на ИД од рускиот регион Северен Кавказ. Вистинското име на казахстанскиот војник не се соопштува.

Неодамна рускиот претседател Владимир Путин изјави дека дури 10.000 луѓе од поранешниот Советски Сојуз можеби се приклучиле во редовите на ИД во Сирија и Ирак.