САД ќе и нареди на Куба да го намали персоналот во амбасадата во Вашингтон

американската амбасада во Хавана

Американски медиуми јавуваат дека САД планираат да протераат околу 60 насто од персоналот во кубанската амбасада во Вашингтон откако претходно беше најавено дека ќе го повлечат персоналот од амбасадата во Хавана поради серија „необјаснети напади“. Новинската агенција Асошитед прес јавува дека повлекувањето на американскиот персонал доаѓа по бранот мистериозни инциденти во кои биле повредени дваесетина луѓе. Истрагата се обидува да утврди што ги предизвикало повредите како, губење на слухот, главоболки, замор и когнитивни проблеми. Двете земји ги обновија дипломатските односи во 2015 година.