Туск побарал од Рахој да се спречи ескалација на состојбата во Каталонија

Архивска фотографија-претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

Претседателот на европскиот совет Доналд Туск денеска во телефонски разговор од шпанскиот премиер Маријано Рахој побарал да се најдат начини да се избегне дополнителното заострување на ситуацијата во Каталонија и употребата на сила по референдумот за независност што се одржа вчера. Туск по разговорот на социјалната мрежа Твитер напиша дека иако ги делат уставните аргументи апелира да се најдат начини за се избегне понатамошна екскалација и употреба на сила.