Претседателот на Грција во Белград

Претседателот на Грција Прокопиос Павлопулос

Претседателот на Грција Прокопиос Павлопулос ја започнува денеска дводневната посета на Србија со средба со српскиот колега Александар Вучиќ. Предвидено е двајцата претседатели прво да имаат тет-а-тет средба, по што ќе им се придружат делегациите од двете земји. Павлопулос подоцна ќе има работна средба и со српската премиерка Ана Брнабиќ. Се очекува дека главна тема на разговорите да бидат евроинтеграцијата на земјите од регионот, идните структури на ЕУ, како и безбедносната ситуација на Балканот.