Времето денеска: сончево со умерена облачност

Во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а на повеќе места повремено значително облачно. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 18 до 24 степени. Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти со седум, а дневната ќе се искачи до 22 степена.