Нови Сад: Со капачиња од шишиња до Гинис

Мозаик од капачиња во Нови Сад

Повеќе од 300 активисти од цела Србија се собраа во градот Нови Сад во обид да постават рекорд од Гинис за најголемиот мозаик направен од капачиња од пластични шишиња. Промоцијата на 30 септември беше организирана од невладината хуманитарна организација "Со капчиња до насмевки", која веќе пет години собира капачиња за рециклирање и ги користи средствата за собирање на пари за деца со попреченост. Организаторите велат дека мозаикот во центарот на градот покрива 621 метри квадратни и отсликува мотиви од екологија, како и симболи на Нови Сад. Стотици волонтери - многу од нив деца и млади - работеа во текот на претходните недели за собирање и сортирање на речиси 800.000 капачиња за шишиња потребни за проектот, и за изградба на мозаикот. Организаторите го документираа проектот и планираат да го достават до организацијата на Гинисовата книга на рекорди за официјална потврда. Тие очекуваат одговор на нивното доставување во рок од два месеци. Во текот на последните пет години, од организацијата Со капачиња до насмевки се собрани речиси 100 тони капачиња за шишиња. За да се купи една инвалидска количка потребни се 6 тони капачиња.