САД со рестрикции за Иран и Русија поради трговијата со луѓе

Трговија со луѓе


САД објавија дека го додаваат Иран во листата земји кои се обвинуваат дека не успеала да се борат против трговијата со луѓе, како и дека ги зголемиле рестрикциите против Русија, која веќе беше на листата. Белата куќа соопшти дека заедно со Иран, Венецуела и четири африкански земји во листата на САД ќе бидат додадени - Демократска Република Конго, Екваторска Гвинеја, Јужен Судан и Судан. Заедно со Русија, земјите кои се наоѓаат на листата кои се соочуваат со понатамошните рестрикции се Северна Кореја, Еритреја и Сирија. Овие земји ќе бидат ограничени од вклучување во образовни или културни програми за размена со САД. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп, исто така, му нареди на американскиот извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд и американските извршни директори во други мултилатерални развојни банки да гласаат против продолжување на заеми или други средства на Русија, Иран и Северна Кореја во фискалната 2018 година, која започнува на 1 октомври. Според американскиот закон, Соединетите Држави не обезбедуваат нехуманитарна, нетрадиционална помош за земјите што не ги исполнуваат минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе и не преземаат мерки за тоа.