Муженко - Руски војници останале во Белорусија после воена вежба

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги посетува војниците на заедничката воена вежба со Русија.

Шефот на украинската армија Виктор Муженко изјави дека во Белорусија останале руски војници, откако таму се спроведуваше воена вежба, и покрај ветувањата на Москва дека нема да го стори тоа, пренесува Ројтерс. Муженко во интервју за новинската агенција, вели дека ваквиот чекор може да ги зголеми тензиите меѓу Русија и Украина.

Белоруското Министерство за одбрана претходно соопшти дека земјата ја напуштиле руските војници кои учествуваа на воената вежба. Но шефот на украинската војска вели дека останале руски војници во Белорусија.Воените вежби кои се спроведуваа во Белорусија и во делови од западна Русија предизвикаа загриженост во соседните земји, членки на НАТО, кои се претпазливо откако Русија го анкетираше полуостровот Крим од Украина и поради улогата на Москва во источна Украина.

Руските и болоруските власти велат дека на вежбата учествувале околу 12.700 војници од двете земји заедно, но властите на западните земји велат дека бројката е поголема.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко на последниот ден од вежбите рече дека сите руски војници вклучени во вежбите ќе ја напуштат Белорусија.

Засега нема коментар од Русија за тврдењето на Муженко.