Кривична пријава за претседателот на Врховниот суд

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

Советот за утврдување на факти поднел кривична пријава против претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски. Одлуката била донесена на денешната седница, а кривичната пријава, како што соопштуваат е поднесена бидејќи Вангеловски не и дозволил на Комисијата при Советот да влезе во судот за да оствари увид во списите на предметите на СЈО, „Таргет“ и „Тврдина“.