Осмоодделенец со нож ги прободел неговиот татко и брат

Илустрација

Дванаесетгодишно момче изутрината при семејна расправија со нож ги прободел неговиот татко и брат.

Од МВР соопштија дека утринава околу два часот во Скопје малолетник на возраст од 12 години при семејна расправија, на неговиот татко Д.С. (37) со нож му нанел расекотина во пределот на левата надлактица, а неговиот брат на возраст од 15 години го повредил во пределот на левиот колк.

Двајцата со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентниот Центар-Скопје, каде им биле констатирани телесни повреди, а по укажаната медицинска помош биле пуштени на домашно лекување.

СВР-Скопје презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.