Судот го одби барањето на Мијалков за враќање на пасошот

Архивска фотографија: Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на БЈБ Љупчо Тодоровски и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, го одби како неосновано барањето за укинување на мерките за претпазиливост на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој е обвинет од СЈО во случаите „Таргет“ и „Тврдина“.

Оттаму посочуваат привременото одземање на пасошот и обврската обвинетиот еднаш неделно да се јавува во судот – остануваат на сила.

Против ова решение, странките имаат право на жалба во рок од три дена до Апелациониот суд – Скопје.