Русија го уништи последното хемиско оружје

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека денеска Русија го уништила последното хемиско оружје и ги повика Соединетите Држави да ги исполнат своите меѓународни обврски.

"Денеска, последната хемиска муниција од руските резерви хемиско оружје ќе биде уништена", рече Путин преку видео-врска од последниот руски објект за складирање хемиско оружје кој се наоѓа во Удмуртија.

Путин рече дека очекува напорите на Русија за елиминирање на хемиското оружје да служат како пример за другите земји.

„САД , за жал, не ги извршуваат своите обврски кога станува збор за временската рамка за уништување на хемиското оружје", рече Путин.

Рускиот претседател обвини дека Вашингтон го одложува тоа три пати под изговор дека има недостиг на буџетски финансиски средства, што како што додаде, му звучи прилично чудно. Администрацијата на САД засега не ги коментираше обвинувањата на Путин.