Молдавскиот претседател против поблиски односи со НАТО

Архивска фотографија-претседателот на Молдавија Игор Додон

Молдавскиот претседател, кој е проруски ориентиран ги обнови критиките за плановите за отворање на канцеларија за врски на НАТО во неговата земја, наведувајќи дека поранешната советска република треба да остане надвор од „геополитичките конфронтации меѓу Москва и Вашингтон“. Коментарите на претседателот Игор Додон доаѓаат недели откако тој ја обвини прозападно ориентираната молдавска влада за обид да ја внесе молдавската војска во алијансата преку праќањето на војници на воени вежби на НАТО во соседната Украина. Планираната канцеларија за врски на НАТО во главниот град на земјата нема да донесе мир во Молдавија и ќе ги отежне обидите за разрешување на замрзнатиот конфликт во отцепениот регион Трансдњестар, додаде тој.