Распишана потерница по Едмонд Темелко

Архивска фотографија: Градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, на Семакедонски собир во Прилеп на 3 февруари 2014

По градоначалникот на општина Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, распишана е централна и меѓународна потерница, информираат од скопскиот Кривичен суд. Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје вчера го прифати барањето на СЈО и му определи на Темелко мерка 30-дневен притвор, која ќе важи од денот на неговото наоѓање.

Темелко е обвинет во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.