Продолжува судењето за „Тврдина 2“ во отсуство на првообвинетиот Грујевски

Горан Грујевски пред Основен суд Скопје 1 по едно од судењата за Тврдина 2

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот „Тврдина 2“ во кој обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и уште шестмина вработени во УБК. СЈО ги сомничи за уништување службена документација поврзана со незаконското прислушување.

Претходното рочиште на 3 јули беше одложено на барање на одбраната.

Се очекува на денешното продолжение да бидат сослушувани сведоци. На почетокот на судењето, обвинетите пред судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делото за кое се товарат.

Горан Грујевски и неговиот колега од УБК Никола Бошковски, кој исто така е обвинет од СЈО, веќе два месеца се во бегство и по нив е распишана и меѓународна потерница. Тие не се достапни од 18 јули, откако Врховниот суд по повеќедневно пролонгирање им го потврди притворот што претходно го одреди Кривичниот суд.