Во нападите во Идлиб загинале 37 цивили

Сликата снимена на 19 септември 2017 година покажува болнички кревети покриени со урнатини и остатоци по воздушен напад на сириските владини сили во селото Ал-Тах, во северозападната провинција Идлиб.

Во воздушните напади во провинцијата Идлиб, кој во поголем дел е под контрола на џихадистите, загинале 37 цивили, од кои 12 деца, соопшти Сиријската опсерваторија за човекови права која одговорноста за тоа и ја префрли на Русија. Според Опсерваторијата, станува збор за најголем број цивилни жртви откако Идлиб е прогласен за „сигурна зона“ во Сирија во согласност со договорот меѓу властите и бунтовниците. По неколку месеци затишје, пред две недели продолжи интензивното бомбардирање на Идлиб кој е под контрола на џихадистите на Ал Каеда. Исламската држава не е присутна во Идлиб.