Словенија и се заканува на Хрватска

Пиранскиот залив

Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец и се закани на Хрватска со тужба пред европскиот суд во Луксембург доколку не соработува во имплементација на спорната арбитражна пресуда за границата меѓу двете земји. Лидерите на трите партии од владејачката коалиција се договорија на состонок во Љубљана дека Словенија треба да го забрза усвојувањето на законот за примена на пресудата за арбитража со Хрватска, да почне да го спроведува својот суверенитет во Пиранскиoт залив, а размислуваат и за тужба против Загреб. Додека Загреб одлуката на арбитрите не ја смета за обврзувачка и бара билатерално решение за отвореното прашање, Љубљана наведува дека пресудата претставува дел од европското право и затоа Хрватска како членка на ЕУ мора да ја почитува.