Амнести Интернешнал - Обид на украинска компанија да прекрши ембарго на ОН

Лого на Амнести интернешнал.

Амнести Интернешнал ја обвини украинската државна компанија за обид да го прекрши ембаргото на ОН за продажба на оружје во Јужен Судан, истакнувајќи дека компанијата се обидела да ја снабди со оружје африканската земја со илјаници митралези, минофрлачи и друго оружје. Групата за човекови права со седиште во Британија соопшти дека компанијата „Укринмаш“ во 2014 година се обидела да ја заобиколи забраната за продажба на оружје на ОН во африканската земја каде има војна.

Групата наведува дека не е во можност да утврди дали делумно или целото оружје на листата во документот од договорот вреден 169 милиони долари, е доставено во Јужен Судан.

Претставникот на државната компанија „Укринмаш“ Јури Кирилич за Радио Слободна Европа на украински јазик изјави дека компанијата всушност не снабдувала со никакво оружје и дека не планира тоа да го прави.