Северна Кореја - САД први ни објавија војна

Архива - Министерот за надворешни работи на Северна Кореја Ри Јонг Хо.

Министерот за надворешни работи на Северна Кореја Ри Јонг Хо изјави дека неодамнешните изјави на претседателот на САД Доналд Трамп претставуваат објавување на војна и оти Пјонгјанг има право да ги соборува стратегиските бомбардери на САД, дури и кога тие се надвор од воздушниот простор на Северна Кореја.

Ри Јонг Хо коментарите ги даде за време на денешниот разговор со новинарите во Њујорк, каде присуствуваше на Генералното собрание на Обединетите нации. Тој рече дека за Северна Кореја „сите опции се на маса“ како одговор на САД.

„Целиот свет мора да запамти дека САД се тие кои први и прогласија војна на нашата земја“, рече Ри.