Кандидатите за градоначалници ќе потпишат Кодекс за изборите

Гласање во Битола на изборите во 2016 година

Државната изборна комисија соопшти дека кандидатите за градоначалници во сите општини во Македонија и град Скопје денеска ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори. Согласно член 8-в од Изборниот законик, учесниците во изборниот процес треба да го потпишат Кодексот. Со Кодексот учесниците во изборите се обврзуваат и си ветуваат еден на друг, но и на сите граѓани на Македонија, дека ќе се придржуваат и активно ќе ги промовираат принципите на слободни и фер избори.