Заев: Македонија насочена кон решенија и евро-атланска иднина

Премиерот Зоран Заев

Македонија денес повторно е демократија, исправена на патот на ЕУ и НАТО, каде што припаѓа истакнал премиерот Зоран Заев во обраќањето на Универзитетот Колумбија на тема „Свеж старт на Балканот: Демократско обновување и еколошко обновување на линија на Одржливи Развојни Цели“, во организација на УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка.Заев како што соопшти денеска владината прес-служба, посочил дека новата Влада ја отворила Македонија во земја на можности за сите за да се постигнат стратешките цели, економски развој и евро-атлантски перспективи.

„Македонија е насочена кон одржливи решенија и евро-атлантска иднина, а светот препознава во Република Македонија земја на развојот“, рекол Заев.

За таа цел, според него, новата Влада ги отворила вратите за интензивна соработка со соседите и со земјите пријатели на Македонија од ЕУ и НАТО и неговите очекувања се дека тие зацртани цели се остварливи.