НАТО ќе гради центар за рехабилитација во Авганистан

Знамето на НАТО

НАТО соопшти дека ќе гради нов центар за рехабилитација во главниот град на Авганистан, Кабул во кој ќе се лекуваат повредени војници и цивили. Според соопштението, во центарот ќе може да се лекуваат 100 пациенти, при што ќе има обезбедено и физиотерапија. Во зградата ќе мже да живеат и 20 студентки од авганистанската Академија за медицински науки.

Центарот ќе чини 54 милиони долари и како што е наведено, претставува уште еден пример за инвестицијата и посветеноста на НАТО и партнерите со цел да им бидат обезбедени потребните услуги на авганистанските власти. Канада ќе има најголем придонес во проектот при што земјата за него ќе издвои 27 милиони долари. Се очекува објектот да биде завршен во 2009 година.