Системот на гласање бил цел на хакери во 21 сојузна држава во САД

Илустрација

Американската влада испратила известување до 21 сојузна земја дека нивниот систем за гласање бил цел на хакери за време на претседателските избори во минатата година, а во неколку од најмногу оспорените земји соопшти дека хакерите биле поврзани со руските власти. Во сојузните држави Винсконсин, Охајо, Колорадо и Минесота каде кандидатот на демократите Хилари Клинтон во некои случаи загуби со неколку илјади гласови од страна на кандидатот на републиканците Доналд Трамп се меѓу оние земји кои ги обвинуваат руските хакери. Асошиејтед прес исто така јави дека Флорида, Вирџинија и Пенсилванија исто така биле цел на хакери.

Според земјите и владата, ниту еден од хакерските обиди не успеал да проникне во системот на гласање или да собере сензитивни информации за гласачите, што значи дека напорите на хакерите не би можеле да имаат ефект врз резултатот на изборите. Претседателот на амеериканската национална асоцијација на државни изборни директори, Џуд Чоате изјави дека нема докази оти Русите промениле некој глас. Руските власти негираа обиди за вмешаност во изборите.