Бисти на Сталин и Ленин поставени во Москва

Москва- руски кадети пред бистата на Јосиф Сталин, 22.09.2017

Бисти на советскиот диктатор Јосиф Сталин и на основачот на Советскиот сојуз Владимир Ленин беа откриени денеска во Москва. За време на поставувањето на бистите на советските лидери меѓу кои и Никита Хрушчов, Леонид Брежнев, Јури Андропов, Константин Черненко и Михаил Горбачов протестираше една жена со постер на кој се осудува режимот на Сталин. Во последниве години јавна поддршка за Сталин драматично се зголеми во Русија, а низ земјата се отвораат музеи, споменици и статуи посветени на советскиот лидер. Но нивната промоција вообичаено е проследена со протести на активисти кои бараат потсетување на жртвите од неговиот систем во кој милиони биле егзекутирани или пратени во гулази во Сибир и Казахстан.