Хоџај - Единствено решение е признавање на Косово

Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај

Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај денеска изјави дека единствено одржливо решение за мир и стабилност на Западниот Балкан е Србија да ја признае независноста на Косово.

Неговата изјава е реакција на говорот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ на Генералното собрание на Обединети нации во Њујорк. Тој вчера изјави дека приоритет на Србија е политичко решение за косовското прашање, како и дека Белград нема да го признае Косово, но оти се труди да изнајде решение, кое ќе овозможи напредок, мир и стабилност во регионот.