Тилерсон верува дека Иран повторно ќе преговара за нуклеарниот договор

Обединетите Нации - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, британскиот амбасадор Карен Пирс, британскиот политичар Алистер Берт, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека се уште се надева оти Иран ќе се согласи да преговара за измените што ги бараат Соединетите држави во договорот од 2015 година за иранската нуклеарна програма. Тилерсон по средбата во Њујорк со другите страни во договорот уште еднаш потенцира дека е неприфатлива клаузулата во договорот со која се предвидува крај на рестрикциите на иранските нуклеарни активности, како збогатување на ураниум, по 2025 година. Иранскиот претседател Хасан Рохани ја отфрли можноста за повторно преговарање за ова прашање.