Рохани: говорот на Трамп игнорантски и апсурден

Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска за време на обраќањето во ОН го нападна претседателот на САД Доналд Трамп, велејќи дека неговиот вчерашен говор пред Генералното Собрание бил игнорантски, апсурден и со реторика полна со омраза. Коментарите на Рохани се последна ескалација на војната со зборови меѓу Вашингтон и Техеран, главно фокусирана врз значајната нуклеарна спогодба од 2015 година.

Трамп вчера изјави дека иранската е убиствена влада која го поткопува мирот на Блискиот Исток. Тој истакна оти на Техеран не може да му биде дозволено да продолжи со развојот на своите "опасни ракети".

Рохани денеска го осуди говорот на Трамп, додавајќи дека Вашингтон ќе го уништи својот кредибилитет ако се повлече од договорот.