Ермира Асани Салија од Беса на местото на Бедредин Ибраими од ДПА во ДИК

Архивска фотографија: Јавна седница на Државната изборна комисија

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната сеница го утврди Предлогот на движењето БЕСА, Ермира Асани Салија да биде нов член на Државната изборна комисија (ДИК).

Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера до Комисијата го доставил предлогот на БЕСА за член на ДИК да биде Ермира Асани Салија, дипломиран правник од Гостивар и член на Централното претседателство на партијата.

Асани Салија доаѓа на местото на Бедредин Ибрахими од ДПА, бидејќи БЕСА е четвртата партија според бројот на пратеници во Парламентот.

Изборот на новиот член на ДИК ќе биде ставен на дневен ред на денешната пленарна седница.