Ердоган: референдумот во Курдистан ќе предизвика регионална криза

турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Најавениот референдум за независност на Ирачки Курдистан може да предизвика регионална криза и да доведе до нови конфликти на Блискиот Исток, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во обраќањето на Генералносто собрание на ОН. „Новите кризи во регионот, како што се повиците за независност може да предизвикаат нови конфликти и тоа треба да биде избегнато по секоја цена“, порача Ердоган. Тој во обраќањето упати апел до регионалните власти на Ирачки Курдистан да се откажат од ваквите потези.