Гутереш: Светот е загрижен поради заканата од нуклеарна војна

Глобалните грижи за нуклеарната војна се на највисоко ниво со децении, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на отворањето на Генералното собрание на ОН. Тој рече дека милиони луѓе живеат во "сенка на страв" фрлена од "провокативните" тестови што ги спроведе Пјонгјанг во последниве недели. Генералниот секретар на ОН повика на политичко решение за кризата, велејќи дека "ова е време за државништво", додавајќи дека сепак не смееме да го следиме патот кон војна".

"Употребата на нуклеарно оружје треба да биде незамислива. Но, денес глобалните грижи за нуклеарното оружје се на највисоко ниво од крајот на Студената војна" изјави Гутереш на состанокот на собранието на кое учествуваат 193 земји од светот.

Тој исто така, предупреди за другите предизвици со кои се соочува светот, вклучително и зголемувањето на безбедноста, растечката нееднаквост, ширењето конфликти и климатските промени.