Русија и Кина не ја поддржуваат Декларацијата на Трамп за реформи на ОН

Американскиот претседател Доналд Трамп на состанокот за реформи на ОН, Њујорк, 18.09.2017.

Русија и Кина одбија да им се придружат на 128 земји во потпишувањето на декларацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за поддршка на реформирање на ОН со цел тие да станат поефикасни во справувањето со глобалните кризи. Руски официјални претставници изјавија дека се за намалување на бирократијата во Светската организација, но се противат на промени кои би се вовеле преку декларација предложена само од САД, а не преку преговори меѓу земјите членки на ОН. Трамп побара од земјите членки да ја потпишат декларацијата од 10 точки за реформи на ОН пред да ги покани да учествуваат на вчерашниот состанок во врска со ова прашање.