Расте бројот на повредени во Романија, 200 илјади луѓе останаа без струја по невремето

Бројот на повредени порасна на 140, по синоќешната бура во Романија, а речиси 200 илјади луѓе останаа без електрична енергија поради хаварии што се случиле во западниот дел од земјата.

Невремето е причина за осум жртви во таа област.

„Сè уште има луѓе заглавени на разни места, коишто синоќа биле на планините и сакале да се приберат во своите домови. Има над 300 искорнати дрвја, над 130 разурнати покриви. Има 500 села со близу 200 илјади жители без струја, 100 спасувачки екипи се на терен“, изјави премиерот Михај Тудосе.