Владин претставник и полицајци убиени во Пакистан

Архивска фотографија - експлозија на бомба во Пакистан.

Во експлозија на бомба поставена на пат во Пакистан, загинале владин претставник и шест полицајци. Нападот се случил во проблематична област Баџур, на границата со Авганистан, соопштија тамошните безбедносни власти.

Одговорноста за нападот ја презедоа пакистанските талибанци.

Пакистанската војска соопшти дека ја расчистува областа Баџур од талибански милитанти и други екстремистички групи, по нападите таму. Во таа област вообичаени се напади на владини претставници, безбедносни сили и на соработници на централната влада.

На 11 август во експлозија на бомба во Баџур, загина најмалку три лица, а повеќе од 20 се повредени.