Уапсен осомничен за нападот во метрото во Лондон

Полицијата уапси 18 годишно момче во врска со бомбашкиот напад во метрото во Лондон, соопштија британските власти. Осомничениот, кој се уште не е идентификуван, е уапсен денеска во пристанишниот град Довер. Не се соопштени други детали, а официјалните лице не кажале дали трагаат по други осомничени.

Во вчерашниот напад во метрото во Лондон, беа повредени 29 луѓе.

Денеска станицата на метрото каде беше извршен нападот повторно беше отворена, но британската премиерка Тереза Мај нареди да се подигне на највисоко ниво предупредувањето за тероризам во земјата.

„Иако сме задоволни од постигнатиот напредок, оваа истрага продолжува и нивото на закана останува на ниво „критично“, велат од полицијата.

Екстремистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, петти по ред оваа година во Велика Британија. Лондонската полиција вели дека сепак оваа тврдење на ИД не може независно да се потврди.