Русија и Кина го отрфлија повикот на САД за Северна Кореја

Рускиот амбасадор во Обединетите нации, Василиј Небензија.

Кина и Русија го отфрлија повикот од САД да преземат директни акции против Северна Кореја, откако земјата лансираше втора балистичка ракета над Јапонија. Кина и Русија повикаа Вашингтон да преговара со Северна Кореја за намалување на заканата.

Рускиот амбасадор во Обединетите нации, Василиј Небензија, рече дека Русија ќе ги спроведе санкциите што ОН ги наметна врз Пјонгјанг, но дека нема да одат подалеку од тоа. Амбасадорот говореше по состанокот на Советот за безбедност на ОН. Тој го осуди последниот балистички ракетен тест на Северна Кореја и повика на преговори за излегување од ќор-сокакот.

Кинескиот амбасадор во САД имаше слична порака откако американскиот државен секретар Рекс Тилерсон на 14 септември повика Кина и Русија да сторат повеќе против Северна Кореја. Амбасадорот Кју Тианкаи рече дека САД треба да направат повеќе, отколку што прават сега за да има ефективна меѓународна соработка по ова прашање.

„Тие треба да се воздржат од закани. Треба да најдат ефективни начини за продолжување на дијалогот и преговорите“, рече амбасадорот.