Турција останува сојузник на НАТО

Архивска фотографија-претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган

Турција останува доверлив сојузник на НАТО , а претседателот Реџеп Таип Ердоган ја отфрли загриженоста на западните земји поради нивната набавкана против авионски ракетен систем од Русија. Портпаролот на Ердоган, Имбрахим Калин на денешната прес-конференција рече дека добрите релации на Анкара со Москва не претставуваат прекинување на односите со западот. Турција поттикна грижа кај западните сојузници откако на 12 септември објави дека потпишала договор за купување на ракетен систем од Русија вреден 2,5 милијарди долари. Ердоган вчера ги отфрли загрижувањата на западните земји во говор пред неговата Партија на правдата и развојот.