Русија-продолжуваат анонимните закани за бомби

Санкт Петербург-безбедносните сили пред трговскиот центар Виножито по телефонската закана за бомба, 14.09.2017

Серијата анонимни телефонски закани за бомби до властите во Русија продолжува со нови закани во Москва и Санкт Петербург. Извори од московската полиција велат дека повеќе од 9000 луѓе се евакуирани од осум училишта во рускиот главен град денеска поради анонимните закани за поставени бомби. Стотици луѓе, исто така, се евакуирани од неколку трговски центри во Санкт Петербург по телефонските закани.

Од 10 септември слични повици резултираа со масовна евакуација на училишта, трговски центри, театри и универзитети во повеќе градови низ Русија. Во ниту еден од случаите не беше пронајдена бомба.

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков ваквите јавувања ги нарече „телефонски тероризам“ додавајќи дека сите неопходни мерки се преземени за да се пронајдат луѓето кои стојат за нив.