Делегација на Националната гарда на Вермонт во Македонија

генерал-мајор Стивен Креј

Воената делегација на Националната гарда на Вермонт предводена од командантот, генерал-мајор Стивен Креј, ја продолжува посетата на Република Македонија. За денеска е предвидено генерал-мајор СтивенКреј да биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и од претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери. Делегацијата од Вермонт ќе разговара и со членовите од собраниската Комисија за одбрана и безбедност.